Се обложиле дека Хамнеи ќе падне од власт, но обложувалницата одбила да им исплати 54 милиони долари
Кога еден израелско-американски бизнисмен видел зелени штикли покрај своите облози за соборување на ајатолахот Али Хамнеи од позицијата врховен лидер на Иран, помислил дека остварил огромна добивка. Неговиот неверојатен облог од 3.460 долари одеднаш се претворил во исплата од повеќе од 63.000 долари, откако американските и израелските сили го убија ајатолахот во воздушен напад. Меѓутоа, има еден проблем: облогот никогаш не бил исплатен, пишува Футуризам.
Препорачано
До вакво сценарио дошло затоа што платформата за пазари на предвидувања „Калши“ одбила да исплати неверојатни 54 милиони долари на корисниците кои се обложиле дека Хамнеи минатиот викенд ќе падне од позицијата врховен лидер.
Компанијата ја образложила таквата одлука со тврдењето дека смртта на ајатолахот всушност не се смета за негово „соборување“ од функцијата и дека платформата не дозволува облози „директно поврзани со смрт“. Одлуката била донесена откако компанијата веќе дозволила на спорниот облог да се соберат милиони долари.
„Резервирав патување во Куршевел“, се пошегувал директорот за Вашингтон пост, алудирајќи на луксузното скијалиште на Алпите. „Потоа ги променија правилата… и сите нè измамија“.
Иако страницата наводно ги обесштетила сите обложувачи во еднакви размери, што значи дека си ги добиле своите пари назад, оние кои можеле да остварат огромни добивки го истуриле својот гнев на интернет поради таквата одлука.
Бесни корисници
„Толку сум згрозен што, искрено, се откажав од пазарите на предвидувања, барем во блиска иднина“, огорчено и без трошка иронија напишал на Икс, поранешен Твитер, еден инвеститор. „Ми должите повеќе од 2500 долари, а на многу невини, повремени инвеститори им должите уште милиони“.
Критика од сенатор
Во разговор за Вашингтон пост, демократскиот сенатор Крис Марфи ги нарекол пазарите на предвидувања како Калши „американски комерцијален неморал на стероиди“.
„Кога настаните што вклучуваат добро и зло стануваат само финансиски производ, не знам како правилното и погрешното повеќе имаат каква било смисла“, продолжил тој. „Луѓето не треба да навиваат некој да умре затоа што се обложиле на тоа“.
ВИДЕО | Удар врз срцето на иранската моќ: Израел тврди дека го уништил бункерот на Хамнеи во Техеран


