ВИДЕО | Удар врз срцето на иранската моќ: Израел тврди дека го уништил бункерот на Хамнеи во Техеран

Израелските одбранбени сили соопштија дека околу 50 израелски воени авиони со околу стотина бомби погодиле подземен бункер изграден за врховниот лидер на Иран, соопшти израелската армија, објави Скај њуз.

Според Израелските одбранбени сили ИДФ, целта се протегала низ неколку улици и вклучувала „повеќе влезни точки и простории за состаноци за високи членови на иранскиот терористички режим“.

„Подземниот бункер бил изграден под комплексот и претставувал безбедно итно средство за водење војна, кое било елиминирано пред да може да се користи“, се додава во соопштението.

Израелските одбранбени сили објавија и видео од нападот врз подземниот бункер. По атентатот врз Али Хамнеи, комплексот продолжил да го користат високи функционери на иранскиот режим.

Инаку, Иран сè уште не дал коментар, објавува Гардијан.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот