Се избричил првпат по 10 години, неговата сопруга шокирана! (ВИДЕО)

Додека многумина во карантинот пуштија брада, професионалниот модел и амбасадор за производи за нега на брада Карлос Коста го направи сосема спротивното, тој ја избричи брадата првпат по 10 години.

– 10 години не сум си го видел „вистинското“ лице и тоа се променило. Сега имам 40 години, сум остарел и сакам да видам како изгледам без брада – рекол Карлос и додал дека сопругата што ја запознал пред седум години, никогаш не го видела без брада.

За неговата сопруга Џена ова претставува шок.

– Ова е чудно. Не можам да те гледам, не личиш на себе – била реакцијата на Џена.

По првичниот шок, таа воочила дека Карлос сега, всушност, изгледа помладо.

– Знаеш што е чудно? Сега можам да ти ги видам усните додека зборуваш. Никогаш не сум видела како ти се движат усните додека зборуваш – му рекла Џена на Карлос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот