суша
Суша / Фото: Mike Erskine

Се испразни најголемиот резервоар со вода во Либија поради преголемата суша

Нивото на водата во најголемиот резервоар во Либан на реката Литани падна на историски најниско ниво поради она што експертите го опишуваат како најлошата суша во земјата досега, што се заканува на земјоделството, производството на електрична енергија и снабдувањето со вода во домаќинствата, пишува Ројтерс.

Националната управа на реката Литани соопшти дека приливот во езерото Караун за време на овогодинешната влажна сезона не надминал 45 милиони кубни метри, што е само дел од годишниот просек од 350 милиони кубни метри.

Минатата година бројката изнесуваше 230 милиони. Водата што моментално е достапна во езерото Караун – околу 61 милион кубни метри – беше неупотреблива поради сериозно загадување, соопшти надлежниот орган.

„Имаше сушни години во 1989, 1990 и 1991 година, но оваа година е најсушна. Се соочуваме со проблем со недостиг на вода низ сите либански територии и водни сливови.“, , рече Сами Алавие, раководител на речниот орган.

Снимките од дрон од езерото Караун покажуваат драматично повлечена крајбрежна линија, откривајќи испукана земја и мртва вегетација.

Либанските хидроелектрани поврзани со сливот Литани се затворени, рече Алавие, што предизвика финансиски загуби и интензивирање на рационализацијата на електричната енергија од страна на „Електрисите ду Либан“.

Студија од страна на органот покажа дека затоплувањето на климата и промената на временските услови придонеле за почести суви сезони и повисоки температури, влошувајќи го губењето на влага во почвата и намалувајќи го повторното полнење на резервоарите на подземните води.

Државната комунална компанија го намали снабдувањето во некои области од 20 часа на ден на само десет.

Во плодната област околу селото Караун, во долината Бекаа, земјоделците веќе го чувствуваа влијанието.

„Никогаш не сум видел таква суша или недостаток на дожд како оваа година. Порано имавме снег висок до еден метар. Сега, поминаа 10 години откако не сме виделе ништо.“, рече земјоделец за Ројтерс.

Напрегнатоста е зголемена поради неправилното снабдување со електрична енергија потребна за функционирање на системите за наводнување.

Сузи Хоајек, советничка во Министерството за енергетика и вода во Бејрут, изјави дека национална кампања за подигање на свеста за намалување на потрошувачката ќе биде покрената во рок од 10 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот