8 C
Скопје

Се е подготвено за мисијата на „Чанг’е5“: Кина ќе лансира сонда на Месечината

Кинеските научници ќе имаат прилика да проучуваат материјали од Месечината што не е работено од 70-ите години на минатиот век. Се надеваат дека со „Чанг’е 5“ мисијата што ќе започне во вторник ќе соберат доволно примероци кои ќе бидат од помош за разбирање на составот и формацијата на Месечината.

Последната ваква мисија беше „Луна 5′ во организација на поранешниот Советски Сојуз во 1976 година. Доколку мисијата биде успешна, Кина ќе стане трета земја што земала примероци од Месечината по САД и Русија.

Леталото„Чанг’е 5, наречено по древната кинеска божица  на Месечината, ќе биде лансирано со ракета „Долг марш“ која е поставена во вселенскиот центар „Венчанг“ на јужнот тропски остров Хајнан. Планирано е за време на мисијата да бидат собрани два килограма од примероци од област на Месечината што не била посетувана досега, а која се вика „Океан на бури“.

Прочитајте и...  Лекарската комора најостро го осудува инцидентот во кој беше прегазен лекар и бара највисока санкција за сторителот

Во мисијата во 1976 година беа собрани 170 грама на примероци додека за време на Месечината, со мисијата „Аполо“ со која отиде и човек, на Земјата беа донесени 382 грама на карпи и почва.

Стручњаците се надеваат дека „Чанг’е 5“ ќе придонесе за откритие колку вулканите на Месечината останале активни и кога исчезнале нејзините магнетни полиња, особено оние што ги штитат живите суштества од радијација.

Кина го реализира своето прво слетување на Месечината во 2013 година и планира во наредните десет години да собере примероци и од Марс.

Поврзани вести

Кампања во Мексико: Сиромашните граѓани се приоритетни за вакцинација против ковид-19

Слободен печат

Филипче: Состојбата на доктор Јота е сериозна, но и стабилна во моментот

Слободен печат

Како пропадна криминалниот план на Дарко Елез и Веља Невоља да го формираат најопасниот клан во Србија

Слободен печат

Канада ја одобри вакцината на „АстраЗенека“

Слободен печат

Авганистанското МНР: Талибанците мора да ги исполнат своите обврски за странските трупи да се повлечат

Слободен печат

СЗО: Во изминатите 24 часа се заразиле 427.000 луѓе со ковид-19 во светот

Слободен печат

Остави Коментар