Се бараа 48, пријавени само двајца на огласот за судии-поротници во Апелација Скопје
Граѓаните Али Ибрахими и Зоран Димишков се избрани за судии-поротници во Апелација Скопје, одлучи Судскиот совет на последната седница во врска со огласот на овој суд со кој се бараа 48 судии-поротници.
Препорачано
Во Судскиот совет истакнаа дека на огласот се пријавиле тројца кандидати, но било утврдено дека двајца се брачни сопруѓници, па едниот сопружник ја повлекол кандидатурата.
Инаку, скопска Апелација моментно работи само со четворица судии-поротници.
Според систематизацијата на Судскиот совет во сите судови се потребни вкупно 1.143 поротници, а пополнето е 551 место.
Причина за слабата заинтересираност е нискиот хонорар што го утврди Министерството за правда. Судијата-поротник е рамноправен во одлучувањето со професионален судија и има иста одговорност, но надоместокот што им се дава изнесува 600 денари дневно за денот кога имал судење во апелациските судови, 500 денари во основните судови со проширена надлежност и 300 денари во основните судови со основна надлежност.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


