Симона Цветановски / СДСМ

СДСМ: Оставка од Тошковски поради загубените животи

„Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете ги покажа сите сериозни пропусти на МВР. МВР на Тошковски потфрли. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство“, рече денеска Симона Цветановски, членка на извршниот одбор на СДСМ, на прес-конференција.

„Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога. МВР било алармирано, постоеле пријави, имало сознанија и индиции за сериозен ризик. Но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите. А со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност – дури и кога пријавата е повлечена. Не само кога има телесни повреди, туку и кога со насилството се нарушува здравјето и безбедноста на жртвата. Значи, полицијата морала да постапи. Дополнително, МВР е обврзано да постапува и согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Да делувале, да бил приведен, до трагедијата можела да биде избегната“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот