СДСМ - партиска зграда / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

СДСМ: Не се знае само дали Шилегов е уценет или купен

„Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за рушење на СДСМ однатре продолжуваат преку Петре Шилегов. Тоа веќе на сите им е јасно. Не се знае само дали Шилегов е уценет или купен“, реагираат од СДСМ по вечерашното гостување на поранешниот скопски градоначалник во „Топ тема“, во кое тој побара оставка на актуелното раководство на партијата.

„Имајќи ги предвид неговите склоности, пороци, приватните слабости и долгови, предавството на Шилегов на сопствената партија и на членовите на СДСМ е очекувано. Шилегов вечерва користеше иста реторика од прес-конференциите и соопштенијата на ВМРО, дека сме биле ‘изолирана партија’ (термин на Мицкоски) која ‘седела со Груевски’. Зошто? За да го спаси Мицкоски од обвинувањата дека е криминалец! Оваа специјална операција на ВМРО трае веќе неколку недели, секојдневно“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија порачаа дека „ќе се изборат со сите напади“.

„Ќе се избориме со сите напади. СДСМ од ова излегува само посилен. Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба за слободна и демократска Македонија. Во оваа борба не сме сами – ќе ја водиме заедно со сите граѓани на Македонија кои сакаат подобра и посветла иднина за себе и за своите деца. Македонија се враќа во времето на Груевски и Мијалков, но знаеме дека по мракот секогаш доаѓа сонце! Нема да се предадеме!“, велат од СДСМ.

Шилегов најавува дека повеќе пратеници ќе го напуштат СДСМ, во партијата имало „сериозна групација“ против Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот