СЦ „Борис Трајковски“: Базенот секогаш трпи мали температурни осцилации кога надворешната температура е под нулата
Од СЦ “Борис Трајковски“ дадоа објаснување, откако имаше поплаки дека младите пливачи кои го користат објектот тренирале на недозволиво ниска температура
Добивме одговор од СЦ “Борис Трајковски“ по повод поплаките на некои родители дека нивните деца кои тренираат пливање во базенот на центарот спортуваат во несоодветни услови, односно температурата надвор од водата е 16-17 степени, а и водата не е доволно загреана.
Препорачано
Го пренесуваме одговорот во целост:
Почитувани, во однос на Вашите прашања, Ве имформираме следното:
Во зимскиот период базенот секогаш трпи мали температурни осцилации поради стаклената површина којашто се протега долж целиот базен, односно кога надворешната температура е под нулата, истата директно влијае и на температурата во објектот. Дополнително, температурата е минимално намалена и поради делови на таванот кои претставуваа одреден вид на изолација, но поради безбедносни причини неминовно беше нивно отстранување.
Во однос на водата Ве информираме дека истата е константно под надзор на задолжените вработени во базенот и температурата во истата се движи од 26,8 до 27,5 степени.
Исто така добивме одговор и на прашањето дали базенот „Борис Трајковски“ наскоро ќе се затвори за да се поправи покривот? Ако е точно, кога ќе се затвори и колку ќе биде вон функција?
Одговорот следува:
Предлогот за реконструкција на базенот е во поодмината фаза и на таа проблематика активно се работи. Доколку се обезбедат средства за целосна реконструкција, истата би можела да започне веројатно на есен, но сепак тоа е прашање коешто зависи од владините политики и можности за тековната година.


