Саво Миниќ, фото: Фејсбук

Саво Миниќ поднесе оставка од функцијата премиер на Република Српска

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денес поднесе оставка од оваа функција, а одлуката ја потврди самиот на прес-конференција, пренесува Нова.рс.

Според српскиот медиум, одлуката дојде неочекувано, бидејќи претходно немаше никаква најава дека би можело да се случи вакво нешто.

Саво Миниќ изјави дека ќе следува избор на нова Влада на овој ентитет и дека претседателот на Република Српска, Синиша Каран, рекол дека тој повторно ќе биде предложен за мандатар.

„Владата на Република Српска досега секогаш била легална. Ова е само порака: ништо не може да нè запре. Покажуваме политичка сила, сериозност и моќ“, рече тој.

Како што рече, ова „не му е пријатно, но политиката подразбира нужни потези“.

„Со ова ги ставивме вон сила сите приказни за каква било институционална криза во Српска. Непотребно постојано се занимававме со тоа, ова е проценка на политичката зрелост“ нагласи Миниќ.

Потсетување, Миниќ и претходно поднесе оставка од оваа функција, откако за неа беше предложен од Милорад Додик, кому тогаш веќе му беше поништен мандатот како претседател на Република Српска, со што неговото именување беше доведено во прашање.

Република Српска избра нова влада, премиер е повторно Саво Миниќ

Тој во средината на јануари по вторпат беше избран за мандатар, откако пратениците на владејачкото мнозинство на посебна седница на Народното собрание избраа нова Влада предводена токму од Миниќ.

Миниќ на функцијата премиер на Република Српска го наследи Радован Вишковиќ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).

Република Српска избра нова влада, експерти и опозицијата велат дека не е легитимна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот