Саво Милошевиќ повеќе не е селектор на БиХ, познат и фаворитот за негов наследник

Фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи да се раздели со досегашниот селектор, Саво Милошевиќ, а прв кандидат за негов наследник е Сергеј Барбарез, соопшти порталот „Клик.ба“.

Милошевиќ не успеа со Босна да се пласира на Европското првенство што беше негова главна задача, па во Босна одлучија да не ја продолжат соработката.

Сергеј Барбарез засега е првиот фаворит да го наследи на селекторската позиција. Барбарез е икона на репрезентацијата на Босна и легендарен капитен, а во периодот од 1998. до 2006 година запиша 47 настапи и постигна 17 голови.

Играчката кариера ја започна во Вележ, а подоцна ја градеше кариерата во Германија каде што беше дел од: Унион Берлин, Ханса Рошток, Борусија Дортмунд, ХСВ и Баер Леверкузен. Своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи во германската Бундеслига каде што во сезоната 2000/2001 беше најдобар стрелец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот