Савиќевиќ импресионираше во Мадрид: Време е за уште поголеми предизвици!

фото: kfsm.mk

Годинава се најде во поширокиот список на селекторот на „А-селекцијата“, Александар Тодоров, но не настапи за сениорскиот тим.

Скоро шест години е дел од нашите младински селекции. Период во кој се промовираше како еден од носителите на играта на генерацијата на македонски кошаркари родени 2002 година.

Оваа година се најде и на оној поширок список на селекторот на „А-селекцијата“, Александар Тодоров. Иако не настапи за сениорскиот тим, тоа е сепак мотив повеќе за Лука Савиќевиќ (од Шпанската Кошаркарска Академија) да продолжи во еден ист ритам, кој и го донесе во една таква позиција – да биде многу блиску и до сениорскиот национален тим. Макар што во меѓувреме треба да го одработи и оној јуниорски, па и младински стаж во репрезентативните селекции.

Веројатно во еден друг тим од мадридскиот, каде ги помина последните две и пол сезони, уште еднаш во кариерата играјќи со генерација или две постари кошаркари. Но, тоа не му пречи да го покаже сиот свој потенцијал, квалитет…

Штета што сезоната се прекина поради вирусот. Имавме одлична позиција на табелата и бевме спремни за плеј-офот и „финалните 4“ на ниво на Мадрид. Јас одиграв одлично, што може да се види од статистиките, имав и голема доверба од тренерите, потврда за тоа е и мојата минутажа.

Договорот ми заврши и после две и пол години во академијата, време е за нова средина и поголеми предизвици. Имам повеќе понуди за кои ќе одлучам во наредниот период. До почетокот на новата сезона, има доволно време – рече Савиќевиќ.

Целото интервју на Савиќевиќ можете да го прочитате на официјалниот сајт на нашата кошаркарска федерација ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот