Сава Јањиќ: Љубовта на Атанасије кон Косово беше неизмерна

Погребот на владиката, Атанасије, ќе се одржи во сабота, на 6 март, во манастирот Тврдош во Требиње, соопшти захумско-херцеговачка и приморска епархија.

Игуменот на манастирот Високи Дечани, Сава Јањиќ денес се прости од пензионираниот захумско-херцеговачки и приморски владика, Атанасије Јевтиќ, велејќи дека неговата љубов кон Косово и Метохија е неизмерна и дека тој е со својот народ на Косово во најтешките времиња.

ВИДЕО: Почина пензионираниот владика Атанасије

„Љубовта на блажениот владика Атанасије кон Косово и Метохија беше неизмерна. Живееше со Косово како живо олицетворение на евангелскиот завет на нашиот народ. И засекогаш ќе остане запаметен како сведок на страдањата на нашиот народ од Косово до Јадовно, како човек кој беше во страдални времиња со страдалниот народ на Косово и Метохија, кој ја посетуваше секоја црква и ја полеваше секоја руина со вино и молитва“, напиша меѓудругото Јањиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот