ВИДЕО: Почина пензионираниот владика Атанасије

Пензионираниот захумско-хецеговачки и приморски владика на Српската православна црква (СПЦ) Атанасије почина денес на 83-годишна возраст во болницата во Требиње, соопшти захумско-хецеговачката и приморска епархија.

Владиката Атанасије се лекуваше од инфекција со коронавирусот од средината на февруари.

Пред два дена, захумско-херцеговачката и приморска епархија на СПЦ објави дека неговата здравствена состојба е сериозна.

Објавата за погребот ќе биде објавена подоцна.

Владиката Атанасије беше пријател и школски пријател на митрополитот црногорско-приморски, Амфилохије.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот