Саутгејт руши негативни рекорди, фановите бараат да си замине од селекторското столче

Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Фудбалската репрезентација на Англија доживеа нов пораз, а селекторот Герет Саутгејт запиша нови негативни рекорди поради што навивачите бараат негова оставка пред стартот на Светското првенство во Катар.

Англија е поразена во петтото коло од Лигата на нации со 1:0 од Италија, играјќи уште еден натпревар без постигнат гол. Англија е единствената репрезентација заедно со Сан Марино што постигнала само еден гол во петте кола во Лигата на нации и тоа од пенал.

За работите да бидат полоши за Саутгејт, репрезентацијата игра очајно, а одбраната лиј предводник е Хари Мегваер е катастрофална.

Англија под водство на Саутгејт годинава постави неколку негативни рекорди и тоа:
– Испадна од А дивизијата во Лигата на нации
Репрезентацијата не постигна гол од игра повеќе од 450 минути
– Англија и Сан Марино се единствените репрезентации што постигнале само еден гол во Лигата на нации и тоа од пенал.
Англија се наоѓа во најлошата серија без победа од 2000 година.

Поради ова навивачите бараат реакција од Англиската фудбалска федерација да му врачи отказ на Саутгејт бидејќи стравуваат дека на Мундијалот во Катар, „Гордиот Албион“ нема шанси да се пласира во завршницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот