фото: EPA-EFE/Román Ríos

Саул за Жоао Феликс: Сакаше да игра врвен фудбал, а да не тренира

Како што е веќе познато, португалскиот фудбалер Жоао Феликс (25) ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, поточно во редовите на Ал Наср каде настапува и Кристијано Роналдо.

Ова е веста што го изненади фудбалскиот свет, а интересен став даде поранешниот соиграч на Феликс, Саул.

Тој се потсети на деновите кога двајцата беа заедно во Атлетико Мадрид. Феликс од Бенфика дојде во Мадрид кога беше хит во Европа за над 120 милиони евра.

– Тој ги имаше сите потребни квалитети за да стане фантастичен играч, но не е важно колку си добар и талентиран, бидејќи ако не дадеш 100 проценти од себе, тогаш сè е залудно. Јас и неколку други играчи во Атлетико се обидовме да му го објасниме тоа, бидејќи видовме дека не се труди доволно на тренинзите. Сакавме да му помогнеме и да го стимулираме да работи на себе, меѓутоа, Жоао никогаш не го сакаше тоа и тоа е крајот на приказната. Тој сакаше да игра фудбал на врвно ниво без тренинг – рече Саул.

Во Европа, покрај за Бенфика и Атлетико, Феликс играше и за Барселона, Челси и Милан. Сепак, тој не остана долго никаде и не остави трага каква што се очекуваше од него.

ВИДЕО | Жоао Феликс е нов фудбалер на Ал Наср

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот