САУДИСКИОТ КРАЛ ВО БОЛНИЦА: Салман хоспитализиран поради воспаление на жолчката

Фото: alexey nikolsky / EPA

Салман мина две и пол години како саудиски принц и вицепремиер пред да стане крал.

Кралот на Саудиска Арабија, 84-годишниот Салман бин Абдулазиз, заврши во болница поради воспаление на жолчката, објави агенцијата СПА. Саудискиот крал бил примен во болница во главниот град Ријад.

На кралот, кој управува со најголемиот светски извозник на нафта и близок сојузник на САД од 2015 година, му биле извршени неколку лекарски прегледи, додава агенцијата, но не наведува детали.

Салман мина две и пол години како саудиски принц и вицепремиер пред да стане крал. Тој исто така работел како гувернер на регионот Ријад повеќе од 50 години.

Дефакто владетел и следен на тронот е принцот Мохамед бин Салман, познат по неговите иницијали МБС, кој иницираше реформи за трансформација на економијата на земјата и ставање крај на нејзината зависност од нафтата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот