Саудиска Арабија ги дигна цените на нафтата за испорака во Азија

ОПЕК/ Фото: Архива

Земјата се очекува да ги зголеми цените во јули на сите категории на нафта која им ја продава на азиските земји, пренесува „Ројтерс“.

Според извештаите од неколку рафинерии, Ријад во јули планира да ја зголеми продажната цена на лесната нафта за арапските земји за 3,80 долари за барел.

Предвиденото зголемување на цената се движи во рамките од два до три долари за барел па дури и до 5 долари, бидејќи рафинериските маржи се намалени во мај, а цената на оманската нафта за Азија, влијае на растот на трошоците на рафинериите за суровини.

Производството на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), која ја предводи Саудиска Арабија, во моментов е на најниско ниво во изминативе две децении, што пак влијаеше на растот на цената на суровата нафта на Блискиот исток.

ОПЕК и нејзините сојузници, вклучувајќи ја тука и Русија, планираат состанок неделава на кој ќе разговараат за понатамошно намалување на производството по јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот