Сасоли им изрази благодарност на граѓаните на Стразбур, со надеж дека дека ЕП ќе се врати што е можно побрзо

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли им изрази благодарност на граѓаните на Стразбур, со надеж дека дека ЕП ќе се врати што е можно побрзо, јави дописникот на МИА.

-Им благодарам на француските власти за разбирањето и постојаната соработка во текот на овие тешки месеци. Во име на сите наши членови, срдечно ги поздравувам градоначалникот и луѓето од Стразбур, каде се надеваме дека ќе се вратиме наскоро, нагласи првиот човек на ЕП.

-Како што е јасно на сите нас, ние сè уште сме во средината на вонредната состојба со КОВИД-19. Пред летниот одмор се надевавме дека ќе се вратиме во одреден степен на нормалност. За жал, тоа не е случај и гледаме дека нашите земји се уште се многу погодени од пандемијата. Стапката на инфекција се зголеми, што доведе до усвојување на нови мерки на претпазливост од страна на националните влади, рече Сасоли при отворањето на сесијата во Брисел.

-Од оваа причина, и врз основа на информациите дадени од француските медицински служби и власти, за жал ја донесов одлуката да не се одржи пленарната сесија во Стразбур  оваа септемвриска сесија, продолжи тој.

-Би сакал да им се заблагодарам на претседателите на политичките групи за поддршката за оваа одлука и за целосната поддршка на Конференцијата на претседателите за повторно воспоставување на сесијата во Стразбур веднаш штом здравствената состојба во градот дозволи наше враќање, инсистираше тој.

Последната сесија на Европскиот парламент во Стразбур беше во февруари 2020, пред воведувањето на мерките на ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот