Сашко Коцев со уште една награда за најдобар актер

facebook
Сашко Коцев / Фото: Фејсбук

Во октомври за главната улога во краткиот филм „Налепница“ македонскиот актер Сашко Коцев доби награда за најдобар актер во краток филм, на филмскиот фестивал „Сошл ворлд филм фестивал“, кој се одржува во Берлин, Германија. Сега тој го повтори успехот на филмскиот фестивал во Бејрут, Либан, каде што доби награда за најдобар актер во интернационален краток филм.

Филмот „Налепница“ во режија на Георги Унковски досега учествуваше на повеќе од 170 филмски фестивали, на кои веќе освои неколку меѓународни награди. Меѓу нив е и наградата од „Ин д палас“, софискиот меѓународен филмски фестивал за краток филм, кој е еден од официјалните светски фестивали што ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за „оскар“.

Posted by Sasko Kocev on Friday, February 5, 2021

 

„Налепница“ е инспириран од вистинска случка што му се случила на режисерот Унковски.
Имено, Георги отишол да го регистрира автомобилот, но на крај не добил налепница, која е доказ дека е извршен редовен технички преглед. По инсистирање дека мора да ја има налепницата, бидејќи може да биде казнет од полиција, од луѓето што работат таму добил уверување дека тоа нема да се случи затоа што се запознаени со ситуацијата со недостиг на налепници. Но по излегување оттаму, тој бил сопрен и казнет од полицијата. Со оваа случка почнува приказната во филмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот