Сашко Коцев, Кирил Спасески, Бранко Петровски и Драган Бјелогрлиќ се добитници на „Златна рамка“

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Во рамки на четвртото издание на манифестиацијата „Златна рамка“ која ќе се оддржи од 9 до 12 јуни во Кино Фросина, МКЦ, Друштвото на филмски работници на Македонија традиционално ќе ги додели наградите „Златна рамка“.

Игор Иванов Изи режисер и претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија во рамките на своето гостување во „Утрински брифинг“ на „СлободнаТВ“ истакна дека примарната идеја на настанот е промоција и афирмација на македонскиот филм, но воедно и да се види што направиле македонските филмаџии во изминатава година.

„Сето ова започна како настан од филмаџиите за филмаџиите. Ние ова го правиме за себе, пред очите на јавноста и за јавноста во исто време. Многу ми е драго што оваа година за првпат зазема и интернационална димензија која се надевам дека ќе продолжи. Малкумина знаат колку е тежок процесот да се дојде до филм. Воопшто не е лесно да се земат пари за филм, вие и кога ќе добиете пари од нашиот национален фонд тоа е само еден процент од парите, за да се затвори целиот буџет на еден филм вие не може само со локални пари да го направите. Тоа е еден макотрпен и долготраен процес кој бара комуникација, едукација и постојана поврзаност и живот во тој европски филмски свет. Со оваа манифестација се приклучуваме кон тоа за доброто на нашиот филм“, вели Игор

Филмски актер на годината е Кирил Спасески за неговата посветеност во полето на сценографијата на повеќе филмови кај нас и во регионот. Признанието за филмски работник на годината му припадна на Бранко Петровски поради неговиот извонреден придонес во македонскиот филм, процесите на создавање, промоција и работа со млади автори. Наградата за филмски актер ја доби Сашко Коцев кој со толкување на најразлични ликови во филмот остава траен печат во светот на кинематографијата.

Организаторите велат дека годинава за првпат ќе биде доделена и почесна награда на странски актер. Честа му припадна на филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ за неговиот придонес за развој на балканската кинематографија и поврзување на народите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот