Саркози добива посебен третман во затворот, со четири семејни посети неделно
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој отслужува петгодишна казна затвор во парискиот затвор Санте, е единствениот затвореник на кој му се дозволени четири семејни посети неделно, иако законот дозволува три посети, наведува Си-ен-ен.
Препорачано
Според БФМ, повикувајќи се на затворски извори, Саркози има посебен аранжман поради неговиот статус на поранешен претседател.
Според законот, обвинетиот, односно затвореник кој не е осуден со правосилна пресуда, како што е случајот со Саркози, има право на три посети неделно, а според извештајот, неговата сопруга Карла Бруни го посетила неколку пати минатата недела, и секој пат била придружувана од главниот двор до просторијата за посети од член на затворската администрација. Исто така, се наведува дека двајца адвокати го посетуваат секој ден, без временски ограничувања.
РТЛ известува дека од лична безбедност, Саркози е сместен во самица и нема контакт со други затвореници, и дека јаде иста храна како и другите затвореници. Тој беше осуден на 25 септември на пет години затвор затоа што им дозволил на своите соработници да побараат од тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи да ја финансира неговата претседателска кампања во 2007 година.
Саркози поднесе жалба на пресудата.


