Санчез: Нема да им аплаудирам на оние што го запалија светот затоа што се појавија со кофа вода
Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, еден од најгласните западни критичари на војната против Иран, реагираше на објавата за прекин на огнот со силна порака на социјалните мрежи.
Препорачано
„Договорите за примирје се секогаш добри вести, особено ако водат до праведен и траен мир. Но, ова моментално олеснување не смее да нè натера да го заборавиме хаосот, уништувањето и изгубените животи. Шпанската влада нема да им аплаудира на оние кои го запалија светот само затоа што се појавија со кофа вода. Дипломатија, меѓународно право и МИР се потребни сега“, напиша тој.
Санчез ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран, оценувајќи ги како „неоправдани“ и „опасни“, велејќи дека ставот на Шпанија е „не на војната“.
ВИДЕО | Санчез: Aмериканско-израелската офанзива против Иран е апсолутна катастрофа
Неговата влада отиде подалеку од обична реторика. Мадрид не им дозволи на американските сили да ја користат заеднички управуваната поморска база Рота и воздухопловната база Морон во Јужна Шпанија за операции против Иран, што го натера претседателот Доналд Трамп да се закани дека ќе ги прекине сите трговски односи со Шпанија.
Потоа владата на Санчез го затвори шпанскиот воздушен простор за американските авиони кои учествуваа во нападите врз Иран.
Шпанија забрани прелети на американски авиони кои учествуваат во војната против Иран


