Шпанија забрани прелети на американски авиони кои учествуваат во војната против Иран
Мадрид одлучи да го затвори воздушиот простор на земјата за американските авиони кои учествуваат во војната против Иран, објави министерката за одбрана Маргарита Роблес, јавуват светските новински агенции.
Препорачано
Шпанија претходно им забрани на САД да ги користат заедничките воени бази во земјата за изведување напади врз Иран.
„Ние не одобруваме ниту употреба на воени бази, ниту употреба на нашиот воздушен простор за дејствија поврзани со војната во Иран“, изјави Роблес.
Затворањето на воздушниот простор ги принудува воените авиони да ја заобиколат Шпанија на пат кон нивните цели на Блискиот Исток, но тоа не вклучува итни ситуации, објави весникот „Ел Паис“.
„Оваа одлука е дел од одлуките што веќе ги донесе шпанската влада да не учествува или да не придонесува кон војна што беше започната еднострано и спротивно на меѓународното право“, рече министерот за економија Карлос Куерпо.
Шпанскиот премиер Педро Санчез е еден од најгласните европски противници на американско-израелските напади врз Иран, сметајќи дека се неодговорни и нелегални.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
53мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


