Санчез ќе одржува состаноци преку видео конференциска врска

Шпанскиот премиер денеска претседава со состанокот на кој ќе учествуваат само министри чие присуство е потребно за да се одобрат новите мерки против ширењето на коронавирусот.

Откако на министерската Ирена Монтеро и беше потврдено присуството на коронавирус, денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, најави дека сите свои состаноци ќе ги оддржува преку видео конференциска врска.

Партнерот на министерката, заменик премиерот Пабло Иглесиас, е ставен во карантин, а сите министри денеска ќе бидат тестирани.

Премиерот Санчез денеска ќе претседава со состанокот на кој ќе учествуваат само министри чие присуство е потребно за да се одобрат новите мерки против ширењето на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот