„Сан Сиро“ оди во историја, Интер и Милан ќе градат нов стадион

Екипите на Интер и на Милан се едни од најголемите ривали во светот на фудбалот, двата тима од Милано, знаат да го одвојат персоналното и професионалното посебно кога имаат заеднички интерес.
Според весникот „Република“, челниците на двете екипи постигнаа договор за изградба на нов заеднички стадион.

Тие ја отфрлија идејата сегашниот стадион на кој настапуваат Интер и Милан,  „Сан Сиро/Џузепе Меаца“ да се реновира и одлучија да започнат со изградба на нов стадион кој треба да чини 700 милиони евра. Се очекува новиот стадион да биде готов до 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот