Самсунспор против Рајо Ваљекано за четвртфинале во Конференциската лига
По ждрепките за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, објавени се двојките за осминафиналето во третото по квалитет европско фудбалско клупско натпреварување – Конференциската лига.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Турскиот Самсунспор кој ја елиминираше Шкендија во плејофот, во осминафиналната фаза ќе игра против Рајо Ваљекано од Шпанија.
Рајо Ваљекано директно се пласираше во осминафиналето благодарение на петтото место во лигашката фаза.
Победникот од двомечот Самсунспор – Рајо Ваљекано во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелите помеѓу Целје (Словенија) и АЕК Атина (Грција).
Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 12 март, а реванш средбите седум дена подоцна.
The round of 16 draw is confirmed ✅#UECLdraw pic.twitter.com/HfcfOkkRrD
— UEFA Conference League (@Conf_League) February 27, 2026
Конференциска лига
Осминафинале, двојки
Лех Познањ – Шахтјор Доњецк
АЗ Алкмаар – Спарта Прага
Кристал палас – АЕК Ларнака
Фиорентина – Раков Ченстохова
Самсунспор – Рајо Ваљекано
Целје – АЕК Атина
Сигма Оломуц – Мајнц 05
Риека – Стразбур


