Шкендија-Самсунспор/Samsunspor

ВИДЕО: Самсунспор беше пресилен – заврши европската бајка на Шкендија

Европската приказна на Шкендија заврши во Турција, откако тетовскиот тим беше поразен со убедливи 4-0 од Самсунспор. По минималниот пораз од 1-0 во Скопје, уште тогаш беше јасно дека мисијата за пресврт ќе биде исклучително тешка, а домаќинот и во реваншот ја потврди улогата на фаворит.

Во првото полувреме Шкендија успеваше да одолее и да ја одржи неизвесноста, но отпорот беше скршен веднаш по паузата. Нтчам беше сигурен од белата точка и го отвори резултатот, носејќи му предност на турскиот состав.

Како што одминуваше времето, притисокот на домаќините растеше. Околу дваесет минути пред крајот Ндиаје зголеми на 2-0, додека до крајот Мариус постигна два гола и ги постави конечните 4-0.

 

И покрај елиминацијата, Шкендија има причина за задоволство, пласманот до плејоф-фазата за осминафинале претставува значаен успех, кој носи вредни бодови и за клупскиот коефициент, но и за рејтингот на македонскиот фудбал во Европа.

За избраниците на Јетон Беќири сега фокусот целосно се префрла на домашната сцена, каде ги очекува жестока трка за врвот со Вардар и Струга. Европската авантура е затворена, но сезоната далеку од завршена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот