Самсоненко и официјално го продаде Вардар за два милиони денари

Најтофејниот фудбалски клуб и официјално доби нови сопственици/фејсбук/FK Vardar

Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар кој за прв пат во домашниот шампион игра во втората лига, од вчера има нов сопственик откако на Македонската берза беа продадени 100 акции по цена од 20.000 денари за акција, пишува Фактор.

Целата трансакција изнесува 32.520 евра, односно два милони денари.

Продавач на акциите е РК Вардар чиј сопственик е рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.
Со купувањето на Вардар, новиот сопственик ги презеде и долговите на „црвено-црните“ кои изнесуваат околу три милиони евра.

Неофицијално, нов сопственик на ФК Вардар е скопската компанија „Блу Скај“, која пред два месеци се договорија со градот Скопје да го преземат управѕувањето на клубот, а исто така и ги презедоа долговите на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот