Графит на зградата на Министерство на култура - Фото Слободен печат
Графит на зградата на Министерство на култура / Фото: Слободен печат

Самостојните уметници се жалат дека Култура доцни со уплатата на придонесите

Ние, самостојните уметници корисници на правото на уплата на придонеси преку Министерството за култура и туризам, Ви се обраќаме поради сериозното доцнење на исплатата на средствата за придонеси за 2026 година. Иако веќе се доближува средината на мај, самостојните уметници сè уште немаат добиено исплата, што нè доведува во ситуација повторно сами да ги подмируваме придонесите за да избегнеме долгови, камати и прекин на здравствено осигурување“, велат самостојните уметници во писмо испратено до медиумите.

„Ова не е изолиран проблем, туку продолжение на долгогодишна системска пракса во која:
● исплатите доцнат;
● износите не соодветствуваат со реалните обврски кон УЈП;
● самостојните уметници ја покриваат разликата од сопствени средства.
Особено загрижува фактот што овој проблем се повторува со години, и покрај укажувањата од страна на самостојните уметници, сметководители и други стручни лица“, се вели во писмото.

Самостојните уметници бараат:

1. Итна информација за причините за доцнењето на исплатата;
2. Итна исплата на средствата;
3. Усогласување на пресметките со официјално објавените основици од УЈП и
Државниот завод за статистика за тековната година;
4. Координација помеѓу Министерството за култура и туризам, Министерството за
финансии и УЈП со цел трајно решавање на овој проблем;
5. Да се прекине практиката самостојните уметници да ги кредитираат институциите
преку авансно плаќање на придонеси од сопствен џеб.

„Сакаме да нагласиме дека ова право не претставува „помош“, туку законски предвиден механизам за социјална и професионална заштита на самостојните уметници, кои и онака функционираат во нестабилни и несигурни услови“, пишува во писмото од самостојните уметници.

ВИДЕО | Културните работници излегоа на протест пред МОБ, му рекоа на Љутков: „Ја уби културата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот