Само Меси има повисока оценка од Барди во тимот на колото (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Уште еден одличен натпревар за македонскиот репрезентативец во „Ла Лига“ за екипата на Леванте. Енис Барди успеа да запише два голови во гостинската победа на неговиот клуб против Селта Виго (2:3).

Нашиот интернационалец во јубијелниот 100 настап за составот од Валенсија дојде до седум голови досега во првенството во 30 одиграни натпревари сезонава.

фото: whoscored.com

До крајот на шампионатот Леванте кој го обезбеди опстанокот има уште еден меч на домашен терен за два дена против Хетафе и можност да го подобри учинокот на погодоци.

После најновите перформанси, Барди се најде во тимот на колото во изборот на „Whoscored“ со оценка 8.6

Повисока оценка има единствено Лионел Меси (Барселона), 9.3. Во тимот на колото се наоѓаат: Родригез (Еибар, 8.3), Диаз (Гранада, 8.6), Бигас (Еибар, 8.1), Бустинза (Леганес, 8.0), Еступињан (Осасуна, 7.4), Меси (Барселона, 9.3), Модриќ (Реал Мадрид, 8.1), Кондогбиа (Валенсија, 7.8), Барди (Леванте, 8.6), Мајорал (Леванте, 7.7), Бензема (Реал Мадрид, 8.0).

Уште еден доказ зошто Арсенал го сака Барди (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот