Уште еден доказ зошто Арсенал го сака Барди (ВИДЕО)

Минатиот месец „топчиите“ испратија понуда за македонскиот репрезентативец кој сезонава блеска во дресот на Леванте.

Енис Барди го запиша шестиот погодок во шпанското првенство на гостувањето кај Селта за водство во 11 минута.

Така за својот клуб стана најдобриот странски стрелец во историјата на Леванте.

Во 28 минута нашиот играч во 100 јубилеен настап за неговата екипа повторно стрелаше за зголемување на предноста после асистенцијата на Рочина.

До крајот на првото полувреме тимот од Виго успеа да израмни благодарение на Мина и Аспас.

Уште еден доказ зошто еден од најпознатите премиерлигаши Арсенал го посакува потписот на Барди кој има важечки договор со Леванте до 30 јуни 2022 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 12 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот