„САМО И ЧЕСТИТАВ“: Ексградоначалник во Србија фотографиран како се бакнува со малолетничка конечно пред суд (ФОТО)

Фото: Фејсбук

После две одложувања, конечно бил одржан главниот претрес во Основниот суд во Бор против Бранко Периќ, поранешен градоначалник на Бор, кој минатата година се нашол во центар на скандал, кога на социјалните мрежи се појавила фотографија на која се гледа како се бакнува со малолетничка, пренесува Блиц.рс.

Најпрво адвокатот на Бранко Периќ барал одлагање на главниот претрес, бидејќи неговиот адвокат имал закажано друго судење, а потоа адвокатот на Периќ го известил судот дека е на годишен одмор.

Основното јавно обвинителство во Бор, кон почетокот на февруари поднело кривична пријава против Бранко Периќ, за кривично дело полово вознемирување.

Сликите на кои тој се бакнува и прегрнува со малолетничка набргу биле објавени на социјалните мрежи, а потоа и отстранети, но многу голем број на корисници ги споделиле во меѓувреме, пред да се избришат.

Фото: Фејсбук

Од страна на Основното обвинителство во Бор бил сослушан осомничениот и биле испрашани неколку сведоци, а по наредба на обвинителството било извршено и психолошко-психијатриско вештачење на оштетената.

Следното рочиште е закжано за 17 декември, информираат српските медиуми.

„Само и честитав“

Периќ по објавувањето на нови слики во медиумите, рекол дека фотогтрафиите на кои бакнува девојче во уста биле направени кога и „честитал“ на добро завршената работа за декорација на сала во Домот на културата.

Медиумите пренесуваат и негова изјава, во која тој наводно рекол дека на „сличен начин им честитал и на останатите девојчиња, кои ја украсувале салата“.

Периќ инаку е оженет, а има и две деца. Според овие извори, кога скандалозните фотографии испливале во јавноста тој веднаш си поднел оставка од местото градоначалник на Бор, а како причина за тоа навел лични здравствена проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот