фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Самарџиќ го демантираше Пикси: Фокусиран сум на Германија

Фудбалерот на Удинезе и соиграч на Илија Несторовски, Лазар Самарџиќ ги демантираше зборовите на селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, кој изјави дека нема сомнеж дека Самарџиќ ќе игра за Србија.

Фудбалската федерација на Србија веќе извесно време работи на тоа да го убеди Самарџиќ да игра за српската репрезентација, но во интервјуто за германски „Спокс“ фудбалерот на Удинезе вели дека е фокусиран само на Германија.

Се надева дека ќе игра на Европското првенство за играчи до 21 година, кое ќе се одржи од 21 јуни до 8 јули 2023 година во Романија и Грузија.

– Секако дека се надевам дека ќе бидам на Европското првенство во 2023 година. Секој настап за Германија ме прави среќен. Минатата година разговарав со селекторот У21 Антонио Ди Салва. Тој рече дека ќе му биде тешко да ме повика доколку не играм редовно за клубот. Затоа на почетокот бев само со селекцијата до 20 години, за тренерите уште да можат да го следат мојот развој. Таму бев убедлив и затоа сум повикан во репрезентацијата до 21 година – рече Самарџиќ.

Драган Стојковиќ претходно изјави дека Самарџиќ веќе треба да се најде на А листата на српската репрезентација во март следната година. Но, 20-годишниот играч во споменатото интервју изјави дека кај него нема желба да игра за Србија.

– Едвај се справив со тоа. Знам дека има интерес, но јасно кажав дека сум фокусиран на Германија. Имам уште време да донесам конечна одлука. Горд сум што играм за германскиот тим, но секако и за моите корени, а бидејќи и моето семејство е од Србија, секако дека и јас се чувствувам како Србин – вели Самарџиќ, кој е роден во Берлин и ги помина до сега сите младински репрезентативни селекции на Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот