Салах испиша историја во Премиер лигата и го остави зад себе Вејн Руни

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Moхамед Салах против Њукасл во рамките од 14. коло во Премиер лигата вчера одигра уште еден одличен натпревар (3:3) во кој постигна два гола и запиша асистенција.

Египќанецот со двата погодоци и асистенцијата влезе во историјата на Премиер лигата како фудбалер со најмногу натпревари на кои постигна гол и запишал асистенција.

Салах се до натпреварот го делеше првото место со Вејн Руни со по 36 натпревари со таков учинок, а сега со еден натпревар повеќе е осамен на врвот.

Инаку, во овој период Салах е во центарот на вниманието поради неговиот договор кој истекува на крајот на актуелната сезона и засега нема најави дека ќе биде продолжен.

Од неговото доаѓање во Ливерпул, египетскиот напаѓач на 370 натпревари, постигна 226 гола и подели 101 асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот