Сајмон и Гарфункел го објавиja 4. издание, „Идоли“ почнаа со снимање на првиот албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја ќе го паметиме по објавувањето на неколку култни албуми, чии песни и ден денеска се слушаат.

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа историјата на музиката на 3 април:

1951 година – Роден е Мел Шасер, басист на рок групата „Grand Funk Railroad“, познат по карактеристчното свирење во свој стил.

1968 година – Американското фолк-рок дуо Пол Сајмон и Гарфункел го објавија четвртиот албум „Bookends“, од кој како најголеми хитови се одделија песните „America“ и „Mrs. Robinson“.

1978 година – Југотон го објави првиот сингл на Сенад од Босна со неговите две авторски балади „Бол“ и „Шал“, кои останаа меѓу навлијателните авторски дела на музичарот Сенад Галијашевиќ.

1981 година – Групата „Идоли“ почнува со снимање на првиот албум.

1995 година – Синглот на џез фанк дуото „The bastardz“ со песната „Твоја љубов“ објавен е на денешен ден пред 25 години, под етикетитата на новата дискографска куќа од Загреб – „Aquarius records, што беше нивното прво издание и со него оваа издавачка куќа формално стапува на дискографската сцена во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот