Сајбернападите се дел од една голема хибридна војна, вели Славјанка Петровска

Фото: ТВ21 / принтскрин

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во гостувањето на телевизијата „21“ се осврна и на сајбернападите кои изминативе месеци секојдневно ги вознемируваа граѓаните.

Според Петровска, тие се дел од една голема хибридна војна која и се случува и на Северна Македонија.

„Очигледно дека зборуваме за најсовремениот начин на војување, односно војување со неконвенционални средства“, вели Петровска.

„Токму тоа и ги прави многу специфични ваквите активности и закани, меѓутоа и побарува значително зголемен капацитет на институциите, јас би рекла и на целото општество,“ додаде министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот