Сагосен го урна рекордот на Лазаров (ВИДЕО)

фото: ehf-euro.com/Axel Heimken/kolektiff

Норвежанецот Сандер Сагосен е новиот најдобар стрелец на европските првенства.

Сагосен го собори рекордот кој досега до држеше капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, кој на ЕП 2012 година во Србија постигна 61 гол.


Норвежанецот по вчерашното полуфинале против Хрватска постигна 10 гола и се израмни со Лазаров, а во денешниот натпревар за третото место против Словенија, на почетокот од средбата постигна гол од пенал со што стана новиот „крал“ на стрелците на европските првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот