САД: Трансродна личност бара „X" во пасошот во делот за пол - Слободен печат

САД: Трансродна личност бара „X” во пасошот во делот за пол

Девет американски сојузни држави поднесоа барање до Апелацискиот суд во Денвер за на трансродната личност Дани Зим да му се дозволи во пасошот да се изјасни со небинарен пол, односно со симболот „X” наместо машки или женски пол.

Државните обвинители на Калифорнија, Колорадо, Мејн, Минесота, Невада, Њу Џерзи, Орегон, Вермонт и Вашингтон оценуваат дека на Дани Зим не може да му се одбие барањето за издавање пасош. Таа трансродна личност се идентификува како небинарен пол, поради што поднесе тужба против државата, но судот во Денвер ја одби.

Американските сојузни држави кои го поднесоа барањето до судот наведуваат дека дозволуваат небинарни одредници за пол во личните документи и оти тоа не создава никакви компликации.

Меѓународната цивилна авијација, организација на Обединетите нации која поставува стандарди за меѓународни патни исправи, оценува дека пол во тие документи може да се обележува како машки, женски и „X” за неспецифични полови.

Прочитај повеќе

Тирана ја убеди и ДП да биде дел од изборната коалиција на Албанците од Прешевската Долина

Слободен печат

Грчката полиција запленила повеќе од 1 тон кокаин, приведени се 8 лица (ВИДЕО)

Двајца од тројцата заболени во Франција пристигнале на аеродром без симптоми

Слободен печат

Касами: БЕСА работи на формирање трипартитна коалиција, но подготвени сме и самостојно да излеземе на избори

Слободен печат

Ватикан го повика ирачкиот претседател да ги заштити христијаните во таа земја

Слободен печат

Остави Коментар

8 − 3 =

Прочитај повеќе

Петровска: Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за затворената група на „Телеграм“

Слободен печат

Русија го задржува правото на реципрочни мерки кон Бугарија

Слободен печат

Во затворена група на „Телеграм“ македонски средношколци споделуваат експлицитни фотографии од врсници

Слободен печат

Шкријељ: Просечната пензија ја зголемуваме на 15.500 денари од февруари годинава

Слободен печат

Тројца Французи и еден Ирачанец се водат за исчезнати во Багдад

Слободен печат

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ? 1720. чума, 1820. колера, 1920. шпанска треска: ШТО Е СЛЕДНО?

Слободен печат