САД: ТикТок не се продаде на Мајкрософт, ќе склопи партнерство со Оракл

Кинеската компанија Бајтденс (ByteDance), сопственик на популарната апликација ТикТок, го извести Мајкрософт дека нема да го продава американскиот бизнис, а наместо продажба, договорено е партнерство со корпорацијата Оракл.

– Бајтденс нè извести дека нема да ги продава американските операции на ТикТок на Мајкрософт. Убедени сме дека нашиот предлог беше добар за корисниците на ТикТок и заштитата на интересите на националната безбедност, се вели во соопштението на Мајкрософт.

Бајтденс се откажа од продажба на ТикТок во САД, а добро информиран извор за некои американски медиуми изјавил дека кинеската компанија се согласила да соработува со Оракл за да избегне забрана за деловно работење во САД.

Договорено е Оракл да биде технолошки партнер на Бајтденс и да го преземе управувањето со американските кориснички податоци на ТикТок, рекол изворот.

Оракл преговара и за преземање на уделот во работењето на ТикТок во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп во август му даде рок на Бајтденс да го продаде или суспендира американскиот дел од работењето на својата апликација ТикТок, или во спротивно кинеската апликација ќе биде забранета во САД. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот