САД се залагаат руските спортисти да учествуваат на Олимписките игри во Париз 2024
Враќањето на руските спортисти е навистина важно за олимпиското движење смета шефицата на американската олимписка организација. Но забраната за руските симболи, химната, знамето, треба да биде построга
Олимпискиот комитет на Соединетите Американски Држави се залага за учество на руски спортисти на Олимписките игри 2024 година во Париз. Ова го соопшти шефицата на организацијата Сузан Лајонс, јавува рускиот медиум „Чемпионат“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Можеби е непријатно да се сфати, но исклучувањето на Русите нè уназадува. Нивното враќање е навистина важно за олимпиското движење. Во исто време, продолжуваме да го поддржуваме украинскиот народ и украинските спортисти. Соединетите Американски Држави го поддржуваат создавањето можности да се вратат на натпреварите спортисти кои тренираат за тоа цел живот, но ние сме силно против тоа да се вратат под националното знаме, додека нивните земји се под санкции – изјавила Лајонс за „Вол стрит џорнал“.
Лајонс исто така изјавила дека санкциите во однос на знамето, химната или какви било симболи на Русија ќе бидат построги отколку на Олимпијадата во 2022 година. Таа истакна дека САД го поддржале отстранувањето на Русите од спортски натпревари по војната во Украина, но поради санкциите настанал друг проблем.
– На спортистите од одредени земји им се одбиваат визи, а некои федерации вршат притисок врз нивните спортисти, забранувајќи им да се натпреваруваат со претставници на други земји. Ова во голема мера е прекршување на Олимписката повелба. Не сакаме поединечни земји да одлучуваат врз основа на политиката со кого тие или нивните спортисти треба да се натпреваруваат – рече Лајонс.
Летните олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.


