САД се повлекуваат од договорот кој го ограничува барањето азил

Американската администрација донесе одлука да се повлече од договорот со три држави од Централна Америка, со кој се ограничуваше можноста мигрантите да бараат азил во САД.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен изјави дека САД ги информирале Салвадор, Гватемала и Хондурас дека почнал формалниот процес на раскинување на договорот.

Според договорот, луѓето што бараат азил на американско-мексиканската граница мораше да одат во една од трите земји од Централна Америка и таму да поднесат барање за азил.

„Администрацијата на претседателот Џо Бајден верува дека има попогодни начини да се работи со нашите партнерски влади за управување со миграцијата во целиот регион”, се наведува во соопштението на Блинкен.

Договорите во моментов се суспендирани и започнат е процес за нивно трајно раскинување.

Блинкен додаде дека САД сакаат да работат со властите во земјите од Централна Америка за условите поради кои луѓето мигрираат.

– Ова не значи дека американската граница е отворена. Иако сме посветени на проширување на правните патишта за заштита, САД се држава со граници и закони што мора да се спроведат, рече тој.

Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп ги потпиша овие договори, што според експертите претставуваа кршење на меѓународното право, според кое САД имаат обврска да обезбедат помош на луѓето кои бегаат од прогонства или сиромаштија.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот