САД нема да ја менуваат трговската политика кон Кина поради пазарните турбуленции

Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, изјави во средата дека Соединетите Држави нема да го променат својот став во трговските преговори со Кина поради нестабилноста на берзите.

„Нема да преговараме затоа што берзата паѓа. Ќе преговараме затоа што тоа е економски најдобро за САД“, рече Бесент во интервју за Си-ен-би-си.

Тој ја отфрли и информацијата објавена во „Вол стрит џурнал“, дека кинескиот претседател Си Џинпинг „се обложува дека американската економија не може да издржи долготраен трговски конфликт со Пекинг“.

Акциите на Волстрит паднаа во петокот откако претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги зголеми тарифите за кинески увоз како одговор на новите кинески контроли за извоз на ретки метали.

Трамп потоа ја ублажи реториката за време на викендот, што предизвика краток пораст на пазарите во понеделник. Сепак, тргувањето остана нестабилно, индексот S&P 500 забележа нов пад во вторникот, откако Трамп повторно се закани со нови мерки против Кина, обвинувајќи ја за „економско непријателство“ поради недостигот на набавки на американски соја.

Бесент додаде дека, иако претседателот Трамп „ја сака висока берза“, тој „верува дека високиот пазар е резултат на добри политики“.

„Токму за тие политики зборуваме денес, за инвестицискиот бум, особено во областа на вештачката интелигенција“, нагласи Бесент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот