САД купуваат на големо: Европските земји се соочуваат со недостиг на „ремдесивир”

Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Европските земји се соочуваат со недостиг на „Ремдесивир”, кој се употребува за третман на пациенти со ковид-19, бидејќи големи количества на лекот што го произведува компанијата „Гилеад”, се продадени на американскиот пазар.

Во јули оваа година земјите од Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија, кои заедно имаат околу 500 милиони жители, обезбедиле дози на „ремдисивир” за 30.000 пациенти.

САД потпишаа договор со производителот „Гилеад” за продажба на повеќе од 500.000 дози, што е поголем дел од производството на компанијата во минатиот месец.

– Има недостиг на „Ремдисивир”, изјави портпаролот на холандското Министерство за здравство Мартин Јансен, додавајќи дека наскоро, сепак, се очекуваат нови испораки на лекот за кој е докажано дека го забрзува закрепнувањето кај најтешките случаи на ковид-19.
„Ремдесивир” и кортикостероидот „дексаметазон” се единствени лекови што се одобрени во Европа за лекување на ковид-19. Двата лека ги примил и американскиот претседател Доналд Трамп, кој се лекува и со експериментален коктел од антитела. Бројот на хоспитализирани лица во Европа се зголемува, иако во повеќето земји е сè уште помал отколку пролетта.
– Поради зголемениот број на примени пациенти во болница, драстично расте побарувачката за „Ремдесивир”, истакна Јансен.
Полскиот министер за здравство Адам Ниедзелски изјави дека лекот недoстасува во некои болници. Последната испорака на „Ремдесивир” за Полска пристигнала минатиот петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот