бела куќа фото МИА

По нападот во Вашингтон, властите ќе ги проверуваат зелените карти на доселеници од 19 земји

Американската администрација најави дека ќе спроведе повторна, ригорозна проверка на сите издадени зелени карти за имигранти од 19 земји, потег што следи по вооружениот напад во Вашингтон, во кој авганистански државјанин сериозно рани двајца припадници на Националната гарда, објави Би-Би-Си.

Директорот на Службата за државјанство и имиграција на САД, Џозеф Едлоу, изјави дека е наредено издадените зелени карти за лица од „секоја земја од интерес“ да бидат подложени на целосна повторна верификација.

Напаѓачот на гардистите во Вашингтон добил азил три месеци по доаѓањето на Трамп

Повод за ова беше инцидентот во средата, кога Рахманула Лаканвал, авганистански државјанин кој во 2021 година пристигнал во САД преку специјалната програма за Авганистанци, пукал врз двајца припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа.

Листата на земји чии носители на зелена карта ќе бидат ревидирани се заснова врз претходна одлука на Белата куќа и ги вклучува Авганистан, Куба, Хаити, Иран, Сомалија и Венецуела, како и Бурма, Чад, Република Конго, Либија и уште неколку други држави. Причините се безбедносни ризици, недостиг од доверливи документи и висок процент на пречекорување на визи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот