САД и обезбедиле информации на Австрија за да се спречи заговорот за концертот на Свифт во Виена

САД им обезбедија разузнавачки информации на Австрија што помогнаа да се прекине наводниот заговор на ИД за напад на концерт на Тејлор Свифт, потврди денеска Белата куќа.

-САД споделија информации со австриските партнери за да овозможат спречување на заканата на концертот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.

Инаку, осумнаесетгодишен Ирачанец е приведен во Виена во врска со истрагата за наводен заговор за напад на концертот на американската пејачка Тејлор Свифт во главниот град на Австрија, соопшти денеска австриското Министерство за внатрешни работи.

 

Министерството наведува дека приведениот Ирачанец потекнува од истиот круг како и главниот осомничен, 19-годишен Австриец со потекло од Македонија.
Свифт вчера, денеска и утре требаше да пее на виенскиот стадион „Ернст Хапел“, но концертите се откажани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот