САД и Иран се враќаат на преговарачката маса во Пакистан
САД и Иран веројатно ќе ги продолжат разговорите за прекин на конфликтот следната недела, а нова средба веројатно ќе се одржи во Пакистан, дознава „Скај њуз“, повикувајќи се на извори.
Препорачано
Медиумот информира дека новата рунда разговори ќе се одржи во Исламабад, по претходната средба одржана во пакистанскиот главен град минатата недела.
Слични информации објави и „Волстрит журнал“, наведувајќи дека Вашингтон и Техеран постигнале принципиелен договор за продолжување на разговорите, но дека точниот датум и место сè уште не се утврдени.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави за „Њујорк пост“ дека „нешто може да се случи во следните два дена“, одговарајќи на прашање за можни нови разговори со Иран.
Во конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна на 28 февруари откако преговорите за нуклеарната програма на Иран не успеаја да постигнат договор, на 8 април беше постигнат договор за двонеделен прекин на огнот, олеснет со посредништвото на Пакистан во разговорите во Исламабад.
На 11 април во Исламабад се одржаа преговори меѓу американска делегација, предводена од потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, и иранска делегација, предводена од претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф, но не беше постигнат договор за траен мир.


