САД: Деветгодишно дете обвинето за убиство на пет лица

Дветгодишно дете е обвинето за првостепено убиство на три деца и две возрасни лица во пожар кој избувнал во камп во Илиноис, јавуваат светските медиуми.

Детето, чиј пол не е соопштен, исто така е обвинето и за подметнување на споменатиот пожар во кампот.

Обвинителот во тој округ, Вудфорд Грег Мајнер, не ги открил деталите за осомничениот малолетник, вклучувајќи ја и неговата поврзаност со жртвите.

Во САД толку мало дете не било обвинето за масовни убиства уште од 2006 година, стои во податоците на Асошиејтед прес.

Мајнер истакнал дека прегледал повеќе пријави за пожар пред официјално да биде поднесено обвинение.

Голем предизвик за обвинителство се смета дека ќе биде да се докаже дека детето однапред имало план да изврши убиство, што е товар на доказ во првостепените убиства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот