СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЕПЛ ТВ ПЛУС: Колку чини, какви филмови нуди и кои ѕвезди го промовираат (ВИДЕО)

Епл денеска ја промовираше Епл ТВ Плус платформата, која ќе биде директен конкурент на Нетфликс и Амазон Прајм, а на која гледачите по цена од 5 долари месечно ќе можат да следат оригинални содржини.

Оние кои ќе купат нов Епл гаџет, бесплатно ќе можаат да гледаат Епл ТВ Плус цела година, додека за другите гледачи е предвиден весплатен пробен период од седум дена.

Платформата се отвора со девет оригинални наслови, а Епл најмногу вложува во „The Morning Show“, драмата со Еиз Видерспун и Џенифер Анистон во главните улоги, која за две сезони располага со буџет од дури 300 милиони долари.

Впечатоците, барем засега, се измешани – Метакритик и Ротен Томатос, на оваа серија засега и даваат скор од 59 отсто.

Прочитајте и...  Животната приказна на Милка Ефтимова: Секогаш остана дама

Женскиот дел од публиката, ако можеме да судиме по коментарите на социјалните мрежи, најмногу е заинтересиран за постапокалиптичниот трејлер „See“, во кој главната улога ја толкува Џејсон Момоа, кој имаше забележителна улога во серијата „Игра на тронови“.

Во понудата засега се наоѓаат уште и „Dickinson“, комедија за пеотесата Емили Дикинсон, „For All Mankind“, алтернативна интерпретација на приказна за трка во вселената, „Sesame Street“, детската програма „Ghostwriter“, анимираната серија „Snoopy in Space“ и документарецот „The Elepjant Queen“.

Во следните неколку месеци, Епл се очекува да понуди уште пет наслови: „Servаnt“, „Truth be told“ , „Little America“, „The Banker“ и „Hala“.

Значајно е тоа што Епл ТВ Плус нема да содржи реклами, како ниту Нетфликс, но за разлика од Нетфликс, нема да нуди цели сезони од оригинални серии.

Прочитајте и...  Стана мајка на 45 години и целосно се посвети на семејството и здравиот начин на живот: Ева Лонгорија ја одржува витката линија дури и во карантин! (ФОТО)

Повеќето од Епл ТВ Плус сериите ќе се прикажуваат на неделно ниво, но првите три епизоди ќе бидат достапни веднаш.

Платформата ќе биде достапна во повеќе од 100 држави, а оригиналната содржина е достапна во резолуциите 4К, HDR, Dolby Vision.

Засега не е познато дали и Македонија ќе биде дел од тие држави, меѓутоа сепак тоа е тешко да се очекува.

Исто така, Епл ќе има и „библиотека“ од лиценцирани серии и филмови каква што имаат и Нетфликс и Прајм, што значи дека на оваа платформа ќе можат да се гледаат строго оригинални содржини.

Цената е пониска од онаа на Нетфликс, а иако е вообичаено да постои и бесплатен пробен период, она што е необично е што тоа трае премногу долго – полни седум дена.

Прочитајте и...  Впечатливо жолта боја и златни обетки: Кејт го повтори изгледот од Вимблдон и повторно блескаше! (ФОТО)

Содржината ќе може да се емитува на сите Епл уреди со новата Епл ТВ апликација, но ќе биде достапна и на уредите кои не се со марка Епл.

Прочитај повеќе

Ким Кардашијан сака да го плати лекувањето на девојката застрелана на протестите за Џорџ Флојд

Слободен печат

Впечатливо жолта боја и златни обетки: Кејт го повтори изгледот од Вимблдон и повторно блескаше! (ФОТО)

Слободен Печат

Сфатете ја сериозно секоја промена во организмот: Ако чувствувате дека ви се менува гласот, веднаш посетете лекар

Слободен печат

Дневен хороскоп за 3 јуни: Поради стресните ситуации кои ве оптоваруваат може да дојде до одредени несогласувања со партнерот

Слободен печат

Виц на денот – Внуци

Слободен печат

Лепа Брена и Боба заминаа за Монако – Во приватниот авион уживаа во прекрасниот поглед и луксузното вино (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Како да пиеш пиво кога носиш маска: Генијален трик кој ќе се користи и во нашата земја! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Раперот Раста ја подбрал поранешната сопруга Ана Николиќ: Мајка си, не смееш да ги затвораш кафеаните! (ФОТО)

Васко Спасоски

ШОК ЗАБРАНИ – Новиот правилник за однесување на грчките плажи целосно ќе го промени начинот на кој летувавме досега

Слободен печат

Игор по Инстаграм драмата објави фотка со Северина: Ова е љубов која не се мери со лајкови (ФОТО)

Слободен печат

Лила Филиповска објави чудна фотографија на Инстаграм, па и порачаа: Избричи си ги рацете! (ФОТО)

Васко Спасоски

Се заканија со тужба од 10 милиони – Телохранителот на најпознатиот брачен пар изнесе приватни детали во јавноста, страстите не се смируваат

Слободен печат