Русковска: Случајот со „Беса транс“ во Бугарија е затворен, за единствен виновен е прогласен возачот

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Поранешната шефица на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во емисијата „Инсајд 21“ рече дека, според нејзините информации, случајот со несреќата на автобусот, во кој загинаа 45 македонски државјани, е затворен во Бугарија.

„На колегите од Бугарија им ги предадовме сите материјали кои ги имавме. Колку што имам информација, случајот во Бугарија е затворен, наводно дека шоферот бил виновен за страшната несреќа“, изјави Русковска.

Таа рече дека одговорност мора да има и меѓу нашите институции и дека не може случајот да биде затворен само со префрлена цела вина на возачот.

„Бидејќи предметот е во надлежност на Јавното обвнителство, немам информации до каде е. Но, некој мора да сноси одговорност, со оглед дека немале лиценци за меѓународен сообраќај на лица, и не само од компанијата, туку цариници и полицајци, затоа што тие автобуси многу често поминувале преку граница“, рече Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот